ОВЧАРИ ВО ШТИПСКО ОДБИВААТ ПЛАТА ОД 2.000 ЕВРА МЕСЕЧНО

Сточарите и годинава, како и со години досега, не можат да најдат овчари кои би се нафатиле да работат во најнеопходната сезона на одгледување на овците, пред и по нивното прво и второ објагнување, или во период од шест месеци кој традиционално трае од Митровден на 8 ноември, до Ѓурговден на 6 мај.
„За овој период едвај обезбедивме овчари кои ќе се ангажираат, иако им нудевме плата месечно по 1.500 евра па дури и до 2.000 евра или вкупно за шест месеци од 9.000 до 12.000 евра. Повеќе млади овчари по една или две недели ја напуштаа работата, па така бевме принудени и за повеќе пари да бараме чувари и одгледувачи на нашите стада“, велат штипски сточари.
Сопственици на овчарски стопанства од регионот велат дека сега, кога заврши сезоната на откупот, задоцнети се најавените мерки за намалување на лимитот од 50 на 30 проценти за предадено јагне. Ако таа мерка се задржи може да биде поволна и корисна за наредната сезона.
Повеќе на сдк.мк
The post ОВЧАРИ ВО ШТИПСКО ОДБИВААТ ПЛАТА ОД 2.000 ЕВРА МЕСЕЧНО appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: