четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вработените во Ватикан се заколнаа на тајност пред конклавата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Членовите на персоналот кои ќе бидат присутни во Ватикан за време на конклавата положија заклетва за тајност во капелата „Свети Павле“, во Апостолската палата во Ватикан, објави денес „Ватикан њуз“.Свештеници, хигиенски персонал, лекари и медицински сестри учествуваа на церемонијата на положување заклетва во понеделник.„Ветувам и се колнам дека засекогаш ќе почитувам апсолутна тајност со секој што не е дел од Колеџот на кардинални електори, освен ако не добијам посебна дозвола изрично дадена од новоизбраниот папа или неговите наследници, во врска со сè што е директно или индиректно поврзано со гласањето и контролата на изборот на папата“, рекоа тие за време на положувањето заклетва.Заклетвата подразбира тајност на сè што ќе се случи за време на конклавата, особено процесот на избор на нов папа и гласање, а на персоналот му е забрането да внесува уреди за аудио и видео снимање внатре.Персоналот ја рецитираше заклетвата и ги потпиша потребните документи пред кардиналот Кевин Џозеф Фарел, комеморатор на Римокатоличката црква и двајца апостолски протонотари како сведоци.Конклавата, односно собранието на кардинали, на кое утре ќе започне гласањето за избор на новиот папа.Претходните два конклава, во 2005 и 2013 година, траеја по два дена.

Поврзани вести