Седумгодишно дете со возило ја прегазило десетгодишната сестра во Крушевско

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од од с.Алданци, крушевско.

Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: