„Не си добредојден, Тошковски“ — Струмица го дочека со порака од младите
Уште на самиот влез во Струмица, министерот Панче Тошковски беше дочекан со транспарент кој говори повеќе од било каков говор или прес-конференција.
„ГОРИ МЛАДОСТА, МОЛЧИ ВЛАСТА! ТОШКОВСКИ НАШАТА ИДНИНА ЈА ПРЕТВОРИ ВО ПЕПЕЛ!” — гласеше пораката што осамна на табла на самиот влез во градот.
Наместо почит, министерот доби јасен став: не е добредојден. Не во градот каде младите секојдневно се борат за достоинство, правда и перспектива, додека неговата политика носи апатија, несигурност и иселување.
Овој транспарент е директна реакција на трагедијата во Кочани, во која згаснаа млади животи, а институциите повторно затаија. Симболично и болно точно, младите од Струмица испратија порака до Тошковски – човекот кој, наместо одговорност, нуди молк и бегство од реалноста.
„Не си добредојден, Тошковски“ — Струмица го дочека со порака од младите
Уште на самиот влез во Струмица, министерот…
Posted by Герасим Лазов on Wednesday, May 7, 2025



