Чајот е добар за пиење од неколку здравствени причини, од кои една е позитивното влијание што го има врз здравјето и изгледот на кожата. Кога пиеме чај, водата е важен фактор што влијае на хидратацијата на телото, но и состојките во самите чаеви играат важна улога во одржувањето на здравјето.Освен за здравјето и изгледот на кожата, чаевите се препорачуваат и за намалување на стресот, зајакнување на имунолошкиот систем, правилно варење и слично. Диететичарите идентификуваа четири вида чај кои имаат одлични ефекти врз кожата за порталот HealthShots.Чај од мачаМатча е прав од зелен чај богат со антиоксиданси кои ја штитат кожата од загадување и изложеност на сонце. Редовното консумирање на чај од мача може да помогне во намалувањето на воспалението и забавување на знаците на стареење.Чај од хибискусОвој кисел, овошен чај е богат со витамин Ц и антиоксиданси. Ја хидрира кожата и го стимулира производството на колаген, со што помага кожата да остане млада и сјајна.Чај од камилицаПознат по своите смирувачки ефекти, чајот од камилица може да го подобри и здравјето на кожата. Помага во намалувањето на стресот, што може да доведе до помалку мозолчиња, а има и антиинфламаторни својства кои можат да ја смират иритираната кожа.Чај од нанеЧајот од нане може да помогне во балансирањето на хормоните и смирувањето на дигестивниот систем, два фактори кои значително влијаат на здравјето на кожата. Исто така, има антибактериски својства кои можат да помогнат во намалувањето на акните.
Пронајдете не на следниве мрежи:



