Хуманитарен концерт на охридските гимназијалци за семејствата на загинатите во Кочани

Учениците од охридската гимназија „Свети климент Охридски“ вечерва уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Традиционалната музичко-забавна манифестација што ја организираат на крајот на учебната година тие оваа година ја посветија на семејствата на жртвите во големата несреќа во Кочани.

Хуманитарен концерт на охридските гимназијалци за семејствата на загинатите во Кочани
М.Д.

Учениците од охридската гимназија „Свети климент Охридски“ вечерва уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Традиционалната музичко-забавна манифестација што ја организираат на крајот на учебната година тие оваа година ја посветија на семејствата на жртвите во големата несреќа во Кочани
Билетите по цена од 200 денари беа можност секој од посетителите да се вклучи во музичко-сценскиот настан со хуманитарен предзнак. Средствата собрани од продажбата на влезниците ќе бидат уплатени на сметката отворена за помош на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

Пронајдете не на следниве мрежи: