Ге­не­рал „про­бој” но­в ко­ман­дант на ру­ските копнени сили

Претседателот Владимир Путин го назначи генерал полковник Андреј Николаевич Мордвичев, кој стана познат како војсководец со освојувањето на Мариупол (вклучувајќи го и заземањето на „Азовстал“) и Авдеевка за нов командант на руските копнени сили. Генералот „Пробој“, како што Русите го нарекуваат, е роден на 14 јануари 1976 година во селото Октјабрскоје во Павлодарскиот регион (Казахстан).

Во вооружените сили на Руската Федерација, непосредната одговорност на командантот на копнените сили вклучува воени училишта, воена обука и соработка со други служби и гранки на војската, додека борбените единици се подредени на командантите на воените области. Мордвичев претходно беше командант на Централниот воен округ.

Мордвичев на новата функција го наследи армискиот генерал Олег Леонидович Саљуков, кој наполни 70 години и заминува во пензија. Саљуков беше назначен за заменик секретар на рускиот Совет за безбедност на Сергеј Кужугетович Шојгу, поранешен министер за одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи: