Охриѓани ќе треба да ги сокријат климатизерите да не се гледаат

Охриѓани од старото градско јадро ќе треба да сокријат илјадници сателитски антени, клима уреди, сончеви колектори, фотоволтаични панели и светлечки реклами до крајот на 2025 година.

На барање на УНЕСКО мора да бидат отстранети од куќите и други објекти во стариот дел на Охрид, охридската чаршија и градкиот кеј, затоа што го нагрдуваат изгледот на овој дел од градот кој е под строга заштита. Станува збор за 561 таков објект, а сопствениците имаат алтернатива, да ги постават на места кои не се видливи однадвор, објави Алсат.

„Нашите ингеренции завршија со нивната евиденција. Направивиме евиденција и приоритети и сега понатаму другите институции треба да мислат како тие ќе се отстранат. Објекти има такви кои се несоодветни, соларни панели, бољери кои ја нарушуваат сликата на градот“, рекол Горан Патчев- директор на Музеј Охрид.

Патчев вели дела изготвениот елаборат со сите податоци е доставен до останатите надлежни институции, кои треба да преземат соодветни мерки. Вели дека биле известени и сопствениците на куќите.

„Следната мисија на Унеско мислам дека повторно ќе го постави тоа прашање и во најскоро време треба да се најде некакво соодветно решение. Имаме и прирачник за сопствениците на објекти во старото градско јадро. Таму има упатства сопственикот како да се однесуваат спрема културното наследство“, додаде Горан Патчев- директор на Музеј Охрид.

Пронајдете не на следниве мрежи: