Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, победи во вториот круг од претседателските избори во Романија, според речиси конечните резултати. По пребројувањето на повеќе од 90 проценти од гласовите, Дан ги доби речиси 54 отсто од гласовите.
Неговиот противник, лидерот на екстремно десничарската партија Георге Симион, доби 46 проценти. Сепак, Симеон прогласи победа повикувајќи се на „измама“.



