Доналд Трамп помладиот, најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, денес изјави дека не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател.
„Можеби еден ден… тој повик постои“, рече Трамп помладиот за време на говорот на Катарскиот економски форум во Доха, одговарајќи на прашање дали ќе се кандидира на следните претседателски избори. Тој не ги прецизираше плановите за иднината и додаде дека „тоа не е познато“.



