Кривична пријава за Милчо Манчевски и неговата продукциска куќа „Банана филм“ поради ненаменски потрошени државни средства

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против реномираниот режисер Милчо Манчевски и неговата продукциска куќа „Банана филм“ за сомнеж во злоупотреба на речиси 950.000 евра државни средства. Обвинението е поднесено поради недоставување на извештаи за потрошените средства до Агенцијата за филм, а Обвинителството потврди дека е постапено по пријавата и се спроведува истрага за утврдување на фактите.

Северна Македонија потпиша договор за соработка со Обединетото Кралство вреден 6 милијарди евра – деталите непознаница

Случајот датира од мај 2023 година, кога Агенцијата за филм поднесе кривична пријава за доставување на лажна официјална изјава поврзана со проектите „Мајки“, „Врба“, „Кајмак“ и „Биста“. Врз основа на наодите, Управниот одбор на Агенцијата одлучи да се прекине финансирањето на проектите „Кајмак“ и „Биста“ до правосилно решавање на случајот.

Од извршениот инспекциски надзор на Министерството за култура, доставени се докази за недоследности кај проектот „Мајки“, каде што не е поднесен финален извештај за потрошени 55 милиони денари. Исто така, кај проектот „Врба“ се испитува трансфер на средства на сметка во странство поврзана со сопственикот на „Банана филм“.

Советникот на Путин тврди: Советскиот Сојуз сè уште постои, војната во Украина е внатрешно прашање

Агенцијата појасни дека овие постапки не се насочени кон блокирање на авторска работа, туку кон заштита на буџетските средства и утврдување на евентуални незаконски активности.

Од „Банана филм“ негираат какви било неправилности, повикувајќи се на записник од инспекцискиот надзор на Министерството за култура од април 2023, каде што, според нив, е утврдено дека нема злоупотреба или прекршување на договорот за користење на државните средства.

Истрагата, која траела речиси две години, е спроведена по наредба на обвинителството и покажала сериозни индиции за проневера на буџетски средства. Случајот е проследен до надлежните институции за понатамошно постапување.

На премиерата на новоизданието на „Пред дождот“ во Скопје, во декември минатата година, Манчевски изјави:
„Три децении по успехот на ‘Пред дождот’, мене ми е забрането да снимам во Македонија. Уживајте во претставата.“

Милчо Манчевски, еден од најуспешните македонски режисери, е носител на титулата Амбасадор на културата на Република Македонија од 2007 година и е прогласен за Национален уметник во 2012 година.

На ова своја реакција имаше Милчо:

„Проституирани медиуми се обидуваат со платени и повторени* лажни вести да водат хајка против укажувач на корупција и да вршат притисок врз институции за да го скријат криминалот на пет „филмски работници“.

Ние само ќе објавиме што вели судот во две правосилни пресуди кои го потврдија тоа што го пријавивме во 2020 и 2024 (а го потврдија и Антикорупциска, Транспаренси интернешнл, ДЗР, Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа и Министерството за култура).

„Банана филм“ и јас ги добивме сите судски процеси против поранешното раководство на Агенцијата за филм.

Во едната судот утврди дека кај службени лица на Агенцијата постоел судир на интереси со кој тенденциозно се работело против нашите проекти. Тие лица се Ана Василевска, главниот актер во хајката против нас, и Бранко Петровски, финансискиот советник на двајца директори против кои беа поднесени кривични пријави. Судот потврди дека конкурсите во Агенцијата за филм се местени.

Во другата судот пресуди дека Агенцијата постапила незаконски кога го блокирала нашиот филм КАЈМАК и наложи Агенцијата да го исплати тоа што веќе две години го должи за завршен филм дистрибуиран ширум светот – со камата.

Ги фаќа нервоза оти нашите кривични пријави против нив се процесуираат“.

Пронајдете не на следниве мрежи: