Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Женева, совладувајќи го Италијанецот Матео Арналди со 2-0 во сетови (6-4, 6-4), со што му се реваншираше за поразот на Мастерсот во Мадрид.
Српскиот ас во првиот сет се соочи со цврст отпор од Арналди, но успеа да направи брејк за водство од 2-1, по што сигурно го задржа својот сервис и го доби сетот со 6-4.
Во вториот сет, Арналди возврати со агресивна игра и поведе со 3-1, но Ѓоковиќ не дозволи изненадување. Со серија од два брејка покажа зошто е меѓу најдобрите во историјата, завршувајќи го сетот повторно со 6-4.
Во полуфиналната пресметка, Ѓоковиќ ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Александар Попирин и Камерон Нори.



