Трогателна порака се појави на паркингот пред Универзитетскиот клинички центар на Србија (UKCS), оставена од семејството на дете повредено во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

„Благодариме што ни го спасивте животот, УКЦС Белград – Фала Србијо!“ – стои во пораката.
Во трагедијата која се случи во Кочани на 16 март 2025 година животот го загубија 62 лица. Околу 200 луѓе беа повредени. Голем број на пациенти, генерално најкритични, беа испратени на лекување во соседните држави и во Европа.



