Во добра состојба се двете лица заразени со мајмунски сипаници

Епидемиолозите од ИЈЗ се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Од здравствената установа информираат дека двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX.

ИЈЗ претходните денови објави препораки до граѓаните на веб-страницата, отвори две нови линии за консултации на граѓани и здравствени работници.

-Воедно ИЈЗ изработи водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на MPOX кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните здравствени институции.

Во текот на следните денови ќе биде организирана и онлајн обука за здравствени работници за следење на протоколите.

Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок со оглед на брзата реакција и преземените активности од страна на институциите, стои во соопштението.

Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата.

Пронајдете не на следниве мрежи: