Сопругите на советникот на Мицкоски и претседателот на Уставен суд унапредени во Апелација

Сопругите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и на советникот на премиерот за надворешна политика, Сашо Марковски, на денешната седница на Судскиот совет добија унапедување во повисоки судови.

Судијката Цветанка Сиљаноска Костадиновска, сопруга на Костадиновски, доби поддршка од Граѓанскиот суд да биде унапредена во граѓанскиот оддел во скопскиот Апелационен суд.

Таа беше шесторангирана, а Костадиновски во изјава за медиумите вели дека унапредувањето се должи на нејзиното 25-годишно искуство во Граѓанскиот суд, осум години како стручен соработник и 17 години како судија.

Освен неа, во овој оддел во Апелација беа унапредени уште петмина судии: Елизабета Настов, Софија Миленкова, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.

Од Кривичен во Апелација, освен актуелниот претседател на Кривичен Иван Џолев, унапредување добија Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова и Бетим Јахја од тетовскиот суд.

Клетничка Марковска беше прворангирана.

Пронајдете не на следниве мрежи: