Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските разузнавачки служби процениле дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот близок круг немаат намера да ја прекинат војната против Украина.
Зеленски во видео-обраќање истакна дека извори и доверливи разузнавачки информации покажуваат дека Путин не размислува да стави крај на војната, пренесе Укринформ.
„Во моментов, нема докази дека сериозно размислуваат за мир или дипломатија. Напротив, има многу докази кои укажуваат дека подготвуваат нови офанзивни операции. Русија смета на продолжена војна. Ова е јасен знак на непочитување кон сите оние во светот кои бараат мир и работат за да ја направат дипломатијата ефективна“, заклучи Зеленски, според Танјуг.



