Полиција вчера сепак била присутна кога група од Чаир истураше ѓубре пред Град Скопје, но сепак не постапува додека хулиганите прават неред, туку едноставно постои во просторот.
На видеото во продолжение се гледа дека полициските службеници се таму, но не ги спречува присутните да сторат кривично дело.

Нешто пред полноќ вчера градоначалникот на Чаир со дваесетина граѓани отиде и истури ѓубре пред Градот Скопје, откако скопската градоначалничка Данела Арсовска откри невиден криминал со дивоградби во Чаир.
Ганиу сепак избега кога Арсовска најави дека доаѓа за да се сретне и соочи со него.



