Вчера во 11.00 часот во ОВР Радовиш, од Јавната здравствена установа Радовиш е пријавено дека кај нив со повреди е донесено четиригодишно дете, кое подоцна е препратено во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
„Според пријавеното, со повредите се здобило додека престојувало во детска градинка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.



