Загина 33-годишна жена, три деца се повредени во тешка сообраќајка на патот Тетово-Гостивар

СВР Тетово информира дека попладнево околу 15:30 часот, на автопатот Гостивар-Тетово во близина на излезот за Камењане, се случила тешка сообраќајна несреќа во која една жена го загубила животот, а шестмина други луѓе се повредени. Сите седуммина биле во автомобил кој го возел 22-годишен возач, кој излетал од патот, велат од тетовската полиција.

– Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од с.Пирок. Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на самото место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од с.Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото извршува екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.

Пронајдете не на следниве мрежи: