Во ЕУ имаат доверба 54% од македонските граѓани

Вкупно 52 отсто од Европејците имаат доверба во ЕУ,што е највисоко ниво на доверба од 2007 година, покажува последната анкета на Евробарометар.

Во земјите од Западен Балкан, кои што беа вклучени во последната пролетна анкета, довербата во ЕУ е највисока во Црна Гора и Албанија, а најниска во Србија. Во Северна Македонија – 54% од граѓанитe имаат доверба во Европската Унија, додека 42% не ѝ веруваат.

За споредба, есенскиот Евробарометар за 2024 година, покажа дека 56% од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во Европската Унија. Истото ниво на доверба го делеа и граѓаните на Босна и Херцеговина.

Пронајдете не на следниве мрежи: