Од 17 до 18 часот денес во центарот на Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.

СВР Скопје соопшти дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
-Трката ќе почне со стартна позиција од Порта Македонија, десно по должина на ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“– Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, соопшти СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

The post Од 17 до 18 часот денес во центарот на Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: