ЛДП повторно поднесува предлог закон за отворени листи и една изборна единица
„Оваа иницијатива не е нова за ЛДП. Нашите пратеници во претходните парламенти веќе поднесуваа предлози за истата реформа. За жал, тие не добија поддршка. Но, ние не се откажуваме“, истакнува Аврамовски. Тој додава дека денеска, преку претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, партијата повторно ќе достави предлог закон до Собранието за воведување на една изборна единица и отворени листи.
„Како прва политичка партија која јасно ја поддржа оваа идеја, повторно го нагласуваме значењето на праведен и транспарентен изборен модел, кој ќе обезбеди еднаквост на гласот и директен избор за граѓаните во избирањето на нивните претставници. Цврсто веруваме дека оваа промена ќе донесе поголема транспарентност, зголемена одговорност на избраните претставници, а со тоа и посилна демократија во нашата држава“, изјавува Аврамовски.
Тој ги повика сите политички партии, како и граѓанскиот сектор, на отворен дијалог и соработка со единствена цел – конечно усвојување на фер, праведен и современ изборен модел кој ќе служи на сите граѓани подеднакво.
The post ЛДП денеска ќе предложи закон за отворени листи и една изборна единица. appeared first on 365.mk.


