Млад мотоциклист од Скопје излетал од пат кај Гостивар, итно е пренесен во болница со тешки повреди

Вчера попладне 24-годишен возач на мотор од Скопје излетал од патот од Гостивар кон Врбенскиот манастир, при што е тешко повреден и итно префрлен во болница, соопшти полицијата.

„На 01.06.2025 во 14:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат за Врбенски манастир во Гостивар, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: