*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска
– За министерот Тошковски, дивоградбите во Чаир било “циркус пред избори”. А, што ги спречувало МВР сами да постапат една година уназад и да поднесат кривични пријави против безаконието во Чаир?!
Впрочем, тоа е основната работа на полицијата. Вакво релативизирање на криминал со дивоградби, кои се и безбедносен и урбанистички ризик (без соодветни елаборати итн.) укажува дека властодршците и целокупното општество не доживеа никаква морална катарза, после енормната трагедија во Кочани. – стои во објавата.




