Парковите низ Општина Аеродром се во хаос, иако општината има склучено рамковна спогодба за одржување и реконструкција на детски и спортски игралишта во вредност од 10 МИЛИОНИ денари или нешто повеќе од 162 ИЛЈАДИ ЕВРА.
Игралиштата и парковите се во очајна состојба, објавија од Левица Аеродром.
На Фејсбук тие реагираа за „срамната состојба со детските игралишта низ нашата општина. Повеќето игралишта се запуштени, со скршени реквизити, оштетени подлоги и без никакви безбедносни стандарди – директна закана за здравјето и безбедноста на најмладите жители.
Општината, наместо да инвестира во безбедна и достоинствена игра за децата, троши огромни средства на ПР и на надуени тендери.
Бараме итна санација и редовно одржување на сите детски игралишта, со јасна одговорност од страна на локалната власт. Децата не смеат да бидат жртви на негрижата и неспособноста!
За општина по мерка на народот – не на партиските елити“ – велат од Левица.



Општината инаку има склучено рамковна спогодба во вредност од 10 милиони денари.

Времетраењето на спогодбата е една година.

Во случај на доцнење и неизвршување на работата договорниот орган, односно Општина Аеродром има право на надомест на штета.

Договорот е потпишан од страна на в.д градоначалникот Дејан Митески.




