четврток, 12 ноември 2026
Најново

Девизните резерви на Кина пораснаа на 3,28 трилиони долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони американски долари на крајот на мај 2025 година, што претставува зголемување од 3,6 милијарди долари или 0,11 отсто во споредба со крајот на април, покажуваат податоците на Државната управа за девизен надзор.

Според Меѓународното кинеско радио (ЦРИ), комбинираните ефекти од валутните курсеви и промените во цените на активите придонеле за растот на девизните резерви во мај.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кинеската економија продолжува да се опоравува и да се подобрува, а квалитетот на економскиот развој постепено се унапредува, што обезбедува стабилност на девизните резерви на земјата, соопшти Управата.

Поврзани вести