четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонски туристи со часови заглавени во Истанбул поради расипан автобус

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Група македонски туристи кои продолжениеот викенд избрале да го поминат во Истанбул беше заглавена со часови во турскиот град и чекаше со часови автобус да се врати во Скопје. Една од патничките за А1он.мк сведочи дека шест часа го чекале автобусот кој требало да ги земе во 13 часот.

Проблемите на патувањето се поајвиле уште на одење кон Истанбул кога се расипал автобусот со кој тргнале. Чекале повеќе од четири часа за да дојде турски автобус и да ги однесе до хотелот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поголем хаос настанал попладнево за кога било закажано враќањето. Бидејќи автобуст уште е во дефект, целата група, буквално на улица чекала транспорт за кон Македонија, сведочи патничката. Нешто по 18 часот, турски автобус ги зеде патниците. Вели, ќе им пуштиме колективна тужба сите од групата.

Во организација на патувањето учествувале агенциите „Ганиќ ексклузив“ и „Идеал травел“, објаснуваат измалтретираните патници.

Поврзани вести