Што не го раскине договорот? Мицкоски кон Османи: „Директно стави нож во плуќата на македонскиот идентитет и закова шајки“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за закочениот европски пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија. Мицкоски повторно упати жестоки обвинувања кон екс-министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Точно знаеше што правеше. Директно стави нож во плуќата на македонскиот идентитет и закова шајки, прифаќајки го францускиот предлог. Тоа нема да го заборавиме. Директно закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет. Ние секогаш ќе се бориме. Ефектите од борбата се гледаат. Немаме друга опција. Добиваме симпатии и се повеќе земји и високи политичари го одобруваат ова што го правиме. Нашите аргументи добиваат на гласност. Дали некои идни генерации ќе се соочат со нови Ковачевски, Османи и Маричиќ – сигурно, но тие се мудри и внимаваат и нема да дозволат да се ставаат шајки на македонскиот идентитет, кажа Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи: