Генијален трик како печеното пилешко да биде сочно, а да не биде суво до степен на нејадливост

Внесувањето месо е важно за секого, бидејќи носи бројни придобивки. Пилешкото е меѓу видовите на месо кое содржи најмалку масти, па многу нутриционисти го препорачуваат како еден од најдобрите избори за слабеење.

Како да се подготви пилешко е тема за која може долго да се разговара, бидејќи има безброј начини за негово подготвување.

Меѓутоа, често се случува при пржењето пилешко да ја изгуби својата сочност, да стане тврдо и уште повеќе да се исуши. Ова особено се однесува на пилешки гради, кои се веќе суви сами по себе.

Па, како можете успешно да ја зачувате сочноста на ова месо?

Најлесен начин е едноставно да го „фрлите“ пилешкото на тава, особено ако има кора – затоа што кожата е таа што помага да се зачува сочноста при пржењето. Сепак, колку и да е вкусно, сите знаеме дека не е најздравиот дел од месото.

Светски познатите готвачи се согласуваат за една кулинарска тајна која му помага на пилешкото да остане сочно: маринадата.

Според Simply Recipes, пред пржење, месото треба да се маринира. Без разлика дали се работи за брза подготовка која трае 20 до 30 минути, или маринирање преку ноќ – овој метод на обработка на пилешки гради носи резултат полн со вкус и сочност.

Едноставен рецепт за маринада:

4 чаши вода100 грама сол2 лажици шеќернеколку зрна црн пипер3 мелени чешниња лукрендана кора од половина лимон

Сите состојки ставете ги да зовријат, па оставете ја течноста да се излади. Ставете го пилешкото во неа и оставете да кисне. После тоа, можете да го подготвите како и обично – со пржење, печење или скара.

Пронајдете не на следниве мрежи: