Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали директно ќе се приклучи во војната против Иран заедно со Израел во следните две недели, објави Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, прочита изјава за време на брифингот за медиумите за која вели дека доаѓа директно од Трамп.
„Врз основа на фактот дека постои можност за суштински преговори што може, но и не мора да се случат со Иран во блиска иднина – ќе донесам одлука дали да одам во следните две недели“, според изјавата на Трамп што ја прочита гласно Ливит.



