четврток, 12 ноември 2026
Најново

Иранска ракета падна во близина на зградата на „Мајкрософт“: технолошкиот парк гори, пристигнаа првите слики

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Службите за итни случаи пребаруваат згради за жртви откако иранска ракета падна во близина на технолошки парк во израелскиот град Бер Шева, соопшти израелската агенција за итни случаи Маген Давид Адом (MDA).Според извештаите, ракетата паднала во близина на претставништвото на Мајкрософт во Бер Шева.Засега нема потврдени жртви, а нема ниту информации за повредени.Фотографиите објавени од MDA покажуваат сериозно оштетување на фасадата на зграда, како и запалени автомобили од кои испуштаат густ црн чад.Israeli Microsoft company hit by Iranian Missile

Asim Khan Lodhi 🇵🇰 (@AsimKhanLodhi10), June 20, 2025

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Брзо пристигнавме на местото на настанот со голема сила – единици за интензивна нега, амбулантни возила и мотоцикли – и затекнавме густ чад, запалени возила и видливо уништување на една од зградите, како и оштетување на становите“, рече Двир Бен Зеев, болничар на MDA.Israeli Microsoft company hit by Iranian Missile

Asim Khan Lodhi 🇵🇰 (@AsimKhanLodhi10), June 20, 2025

MDA соопшти дека поставила тријажни пунктови за работниците и жителите на зградите во технолошкиот парк.„Во исто време, заедно со колегите од Командата на домашниот фронт, пожарникарите и полицијата, вршиме претреси во оштетената зграда и погодените станови за да се осигураме дека никој не е повреден внатре“, се вели во соопштението.

Поврзани вести