*Објава на градоначалниќката на Град Скопје, Данела Арсовска:
Предупредување ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА. Оваа нема да го видите на Сител, Алфа или на медиум каде што се штити организираната криминална банда на Висар Ганиу.
На 20.05.2025 година ВИСАР ГАНИУ и ЕЈУП АДЕМИ му овозможиле легализација на ЈАСИН САДИКИ, врз основа на барање кое го доставил до општина Чаир кога имал 6 години, за зграда која ја градел кога имал 5 години.
Јасин САДИКИ е внук на Азем САДИКИ, градоначалникот на ДУИ од Студеничани. Сигурно Азем е исклучително горд на достигнувањата на својот внук. Веројатно и вие би биле да имате внуци што градат на 5 години.
На фотото Вики и Азем како насмеани ја договараат легализацијата.



