Предлог за лесен летен оброк: Направете салата од црвен компир

Ако барате лесен летен оброк кој брзо се подготвува, салатата од црвен компир е идеална за вас.За да ја подготвите оваа салата, потребни ви се:
600 грама млади црвени компири, исечени на парчиња

75 грама ситно сечкана зелена пиперка

40 грама ситно сечкан црвен кромид

Три парчиња ситно сечкан млад кромид

Лажичка и пол сенф

Една лажица екстра девствено маслиново масло

Една лажица црвен вински оцет

Една лажица мајонез со намалена масленост

Сол и бибер
ПодготовкаСварете ја солената вода. Додадете ги компирите и варете додека не омекнат, околу 10 минути.Додека компирите се варат, измешајте го црвениот кромид, зелената пиперка, сенфот, маслиновото масло, оцетот и мајонезот и зачинете со сол и црн пипер.Кога компирите ќе бидат готови, ставете ги во сад со дресингот и додадете го младиот кромид и дополнителна сол и црн пипер по вкус.Сервирајте на собна температура или изладете во фрижидер и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи: