Македонски државјанин загина во Разград, Бугарија кога 19-годишен возач влетал со автомобилот во тераса на преполн ресторан.
Младиот возач со автомобил во сопственост на неговиот татко, изгубил контрола врз возилото и удрил во гостите.
Помеѓу загинатите, освен македонскиот државјанин се и двајца други мажи од Бугарија.
Првичните тестови покажале негативен резултат на алкохол и наркотици, а против 19-годишниот возач е поднесено обвинение.



