Вчерашните пожари ја земаа првата жртва, објави „Скопје1“ повикувајќи се на потврда од Министерството за внатрешни работи. Според нивни извори, човечко тело е најдено изгорено во штала која била лоцирана во близина на Железничката станица Ѓорче Петров.
Телото на човекот е најдено до изгорените тела на добитокот, а просториите биле целосно пеплосани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



