Од зграда на улицата Јуриј Гагарин во населбата Козле, се откина и падна на плочникот пред објектот голем дел од фасадата, при што за среќа, никој не е повреден.
Причините за паѓањето на фасадата, направена пред десетина години, допрва ќе се утврдуваат. Граѓаните велат дека во Карпош во изминатиот час дува многу силен ветар, па претпоставуваат дека и ветрот придонел за паѓање на фасадата.
Официјално соопштение од Општина Карпош засега нема, а нивни екипи веќе се на местото на настанот.



