*Објава на Фејсбук на професорот Љубомир Цуцуловски
ГО ДОЖИВЕАВМЕ И ТОА – политката, преку устата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, да ѝ сугерира на македонската академска јавност да има повеќе чувство за политичката реалност! Види, богати!? Уште да ѝ се каже кога и како треба да реагира, како што тоа се правеше за време на сталинизмот и во Источниот блок воопшто, на кои Македонија/СФРЈ никогаш не им припаѓаа. Денешната сугестија, на д е н е ш н и о т министер не е изненадувачка, бидејќи министерката за култура од п р е т х о д н а т а влада им даваше сугестии на уметниците за какви теми и со каков тон би требало да создаваат, што беше израз на чист ж д а н о в и з а м. Сугестијата, пак, која денес беше дадена од минитстерот беше „само“ „невина“ реакција на мислењето/критиката од а к а д е м и к Катица Ќулавков, предизвикана од идејата за заедничка резолуција на Бугарија и Македонија за јазикот, оти нема што и кому да се докажува. Меѓутоа, кому ова да му се кажува/објаснува? Како кинисало, тешко ќе се сопре.




