Непознат сторител со автомобил влетал во автобуска станица во Израел, повредени седум лица

Непознат сторител со автомобилот се удри во автобуска станица во израелскиот град Беит Лидо, при што беа повредени седум лица, објави i24 News. Според службата за итна медицинска помош Маген Давид Адом (MDA), две лица се тешко повредени, а пет други се полесно повредени. Сите се однесени во блиските болници за понатамошно лекување.

Возачот избегал од местото на настанот, поради што безбедносните сили започнале потрага. Контролни пунктови се поставени во околните области додека властите го бараат осомничениот.

Техничарот за итна медицинска помош на MDA, Идан Харас, ја опиша сцената како хаотична: „Имаше многу врева и уништување. Помогнавме на двајца млади мажи со умерено крварење и други повреди, и неколку други со полесни повреди, кои брзо ги транспортиравме во болница“.

Пронајдете не на следниве мрежи: