Репортерот на 4NEWS.mk кој во моментов се наоѓа во Охрид ги испраќа првите снимки од пожарот кој попладнево избувна на брод, објави 4NEWS.mk
Во моментов се врши евакуација на лица, а на лице место се присутни голем број полициски единици и пожарникари.
Последните информации се дека сите успешно се евакуирани од малиот брод.
Во моментов не се јасни причините за несреќата.



