САД нема да го одложи воведувањето на царини за повеќе од 14 земји закажано за 1 август, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Рокот – 1 август е непроменет и нема да биде продолжен. Одличен ден за Америка!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
На 7 јули, Трамп ги објави своите писма до лидерите на 14 земји, во кои најави воведување на царини од 25 до 40 проценти за нивните земји од 1 август. На листата се наоѓаат: Бангладеш, Индонезија, Казахстан, Камбоџа, Малезија, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Тунис, Јужна Африка, Јужна Кореја и Јапонија, како и Србија и Босна и Херцеговина.



