Од Центарот за управување кризи, со ново известување за состојбата на пожарите до 12:00 часот
Состојба со пожарите – 04.08.2025 до 12:00 часот
На територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 4 пожари на отворен простор, од кои:
АКТИВНИ: 2
1. Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума)
2. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума)
ИЗГАСНАТИ: 1
1. Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација)



