Службите во ЦУК и Мухамед Али будно ја следат состојбата со невремето: Досега нема повици за повредени лица

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица.

Директорот на ЦУК, г. Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.

Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби.

Пронајдете не на следниве мрежи: