Удри по самарот: Уапсено лице затоа што сакало да внесе парола за „Диво Насеље“ на натпреварот со Романија

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска лишија од слобода триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за време на полувремето на кошаркарскиот натпревар во Куманово се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

По расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Според МВР, во врска со кошаркарскиот натреевар што се одржа на 02.08.2025 година во Спортската сала во Куманово во полициска станица се повикани неколку осомничени лица со кои е извршен службен разговор.

По извршени анализи во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово, против инволвираните лица ќе бидат преземени конкретни законски мерки, вклучително и кривични постапки.

Од МВР апелираат до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат спортистите миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без какви било навреди по лична, етничка, верска или која друга припадност што не соодветсвува на спортски натпревари и е спротивно на законот.

„Полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на какви било нарушувања на јавниот ред и мир, односно какви било навредливи скандирања врз база на национална, етничка или берска припадност ќе бидат најстрого санкционирани, без никаква толеранција“, се вели во соопштението од полицијата.

Само спортско навивање, според МВР, може да ни донесе успеси, победи и спортски радости.

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) остро го осуди инцидентот со навредливите скандирања на натпреварот меѓу Македонија и Романија кој се одигра во саботата во Куманово. Дополнително, од Федерацијата информираат дека инцидентот е предмет на истрага од нивна страна.

Навредливите скандирања на кошаркарскиот меч претходно наидоа на осуда од политичките партии и државниот врв во земјава, како и од македонската кошаркарска федерација и Општина Куманово на чија територија се одигра натпреварот. Полицијата и обвинителството, пак, информираа дека ги испитуваат околностите околу инцидентот.

На социјалните мрежи се појави објава од Патриотско друштво во која се вели дека лицето кое е уапсено е во полицијата затоа што носело транспарент за Диво Насеље.

– @mk.pirej моментално е во полициска станица.

Уапсен затоа што сакал да внесе „парола“ за Диво Насеље.

🇲🇰Кога љубовта кон татковината станува прекршок, тогаш знајте дека нешто не е во ред со системот.

Пронајдете не на следниве мрежи: