Инфомакс дознава за нова тешка сообраќајна несреќа на клучката Дреново – Фариш на истото место каде што вчера се случи сообраќјна незгода.
Неофицијално според нашите информации во несреќата има две жртви, брачен пар.
Ова не се први жртви на истиот пат, затоа што за жал имаше незгода со смртни последици уште првиот ден по отворањето на оваа делница.
И покрај апелите на оние возачити, но и на локалното население дека е потребно дополнително обезбедување на патот како и дополнителна сигнализација и по 20-тина сообраќајни незгоди на истата локација ништо не е променето или санирано.
Попладнево е затворен за сообраќај експресниот пат Прилеп–Градско. Надлежните информираат дека сообраќајот се пренасочува преку автопатот, додека трае прекинот.
Возачите се повикуваат на зголемена внимателност и следење на поставената сигнализација. Повеќе информации за траењето на прекинот се очекуваат наскоро од надлежните институции.



