Трендафилов: Поднесено барање до пратениците за итно зголемување на минималната плата на 500 евра

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ИТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 500 ЕВРА

Барањето на ССМ за зголемување на минималната плата е оправдано, потребно и одржано, базирано и на споредбите со другите земји, како и на економските и социјалните услови во Македонија, па од тука бараме Собранието на Македонија и пратениците веднаш да пристапат кон Законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платата за месец Август 2025 година, работниците во Државата да добиваат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата.

Потребен е вонреден раст на минималната плата со кој истата ќе се зголеми на 500 евра, за да не се случи во Македонија да имаме најниско платени работниците, а највисоко платени функционери во споредба со земјите во регионот и земјите од ЕУ.

Да видиме кој е за, а кој е против работниците! , стои во објавата на Фјесбук на Слободан Трендафилов

Пронајдете не на следниве мрежи: