Да живуркаат ситните души на македонските граѓани кој без поговор си ја прифаќаат диктатурата

Очигледно е дека владата на Мицкоски го исчекорува и последниот чекор кој од Автократија ќе не внесе во Диктатура. Притисокот во јавноста во врска со “случајот” Коцевски преку медиумски написи кои повикуваат на божем етика и морал се спротивни на законските процедури, а законот е закон па дури и во наша Македонија, сеуште.

Одлуката на Собранието на иницијатива на Левица и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на Државниот Јавен Обвинител Коцевски не е само политичка порака на недоверба кон Коцевски. Тоа е првенствено чекор кон притисок врз Јавно обвинителскиот совет за разрешување на Коцевски со што владата на Мицкоски преку политикантските игри ја демонстрира својата моќ.

Тоа е влезот на Македонија во ерата на Диктатура а завршниот потег ќе биде контрола над судството на што изминатата година се спротивставуваше и ЕУ. Токму кога Мицкоски ја има извршната власт, ја контролира законодавната власт, контролата над судската власт претставува тоталитарно владеење или ДИКТАТУРА. Првиот чекор кон тоа е да се има свој Обвинител кој ќе прифаќа и отфрла пријави согласно политичките цели. Не дека Коцевски тоа не го правеше, но сега не е “наш” и е несигурен, па подобро да биде сменет со некој лојален. Ете тоа е влезот во ДИКТАТУРА.

Добре дојдовте во новата реалност во која набргу ќе се разбудите доколку сега не се освестите.
Последиците се за сите граѓани, но и одговорноста е на сите нас.

Диктатурата не доаѓа сама по себе, нејзиното воспоставување го овозможуваат токму граѓаните кои не ја почитуваат, сакаат и бранат демократијата и својата слобода како суверен на Републиката.
Многу ќе се смеам кога обвинителот на Мицкоски на својот ФБ профил јавно ќе се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Мицкоски, а можеби и на Собранието (мнозинството) за укажаната чест и доверба да раководи со Републичкото Јавно Обвинителство.

Да живее ДИКТАТУРАТА!

Да живуркаат ситните души на македонските граѓани кој без поговор си ја прифаќаат…

Пронајдете не на следниве мрежи: