Инфомакс дознава дека за малку била спречена огромна трагедија на скопскиот аеродом само поради искуството и знаењето на пилотите кои ги спасиле животите на сите души кои биле на авионот.
Рано утринава околу 04:00 часот наутро авион на Аустијан Ерлајнс удрил во јато птици на скопскиот аеродром што е втор ваков инцидент во рок од два дена.
Една од птиците речиси целосно го уништила моторот на авионот марка Ербас 320. Пилотите по големиот инцидент биле приморани да намалат брзина и воопшто да не полетаат.
Она кое шт ги усложнило условите и несреќата бил фактот што авионот бил пред полетување на крајот од пистата.
За среќа имало доволно простор за авионот да закочи и да се прекине полетувањето.
Летот поради огромната штета на авионот бил целосно одложен.
Ова е втор ваков инцидент за два дена на скопскиот аеродром откако авион на Виз Ер удри во јато птици на полетување па кружеше околу скопскиот аеродром и принудно слета.
Справувањето со јатата птици е сериозен предизвик за сите аеродроми ширум светот, бидејќи судирот на авион со птица ) може да предизвика големи оштетувања, особено ако птицата влезе во моторот. Затоа, аеродромите користат повеќе методи за одвраќање и контрола на птиците во близина на пистите.
Аеродром „Schiphol“ во Амстердам, Холандија користи обучени јастреби и соколи кои ги одвраќање и заплашуваат помалите птици.
Покрај тоа имаат специјализиран радар систем кој ги следи движењата на птици во реално време – софтверот предвидува траектории и дозволува пилотите да добијат предупредување.
Од особена важност е еколошкото менаџирање, односно тревата во околината на аеродромот се одржува на висина од 20-25 см бидејќи на таа висина птиците не се чувствуваат безбедно да гнездат. Дополнително нема ниту едно дрво во близина на аеродромот со цел да не се дозволи гнездење на птиците.



