Телото на 52-годишен бугарски државјанин, кој исчезна денеска попладне при нуркање во Охридското Езеро, е пронајдено во близина на селото Трпејца.
Очевидци велат дека телото било облечено во нуркачка опрема и извлечено од голема длабочина.
Несреќата се случила околу 13:15 часот, кога нуркачот исчезнал на длабочина од 89 метри. Во потрагата беа вклучени Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачкиот клуб „Амфора“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го потврди настанот и изјави дека причините за трагедијата сè уште се испитуваат.



