Пожар кај ресенското село Долно Дупени – спасени куќите и викендиците

Денеска попладнево изби пожар кај ресенското село Долно Дупени, во близина на Преспанско Езеро.

Пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаја да ги спасат викендиците и куќите од селото, огнот се движи кон непристапен терен, соопшти Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Тој додаде дека два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа, а поради температурни ограничувања во 16.30 ќе полета и еден полициски хеликоптер.

Пожарникарите добиле помош од локалното населние.

Нема опасност по куќите од селото и околните викендици, нагласи Ангелов

Пронајдете не на следниве мрежи: