Малолетното девојче кое денеска случајно беше рането во крвавата престрелка во Тетово имало прострелна рана на десната натколеница, шеесетгодишниот пешак скршеница на десна потколеница, додека пак двајцата други имаат прострелни рани на градниот кош.
Министерството за здравство соопшти дека четворицата ранети се примени на хируршките клиники во Скопје по пукањето во кое едно лице загина.
На КАРИЛ е примен 32-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош, тешка телесна повреда. На Детска хирургија е примено 12-годишно дете со прострелна рана во предел на десна натколеница.
На Торакална хирургија е примен 37-годишен пациент со прострелна рана во предел на граден кош. На Трауматологија е примен 60 годишен пациент со скршеница на десна потколеница.
Сите пациенти, нагласува МЗ, се згрижени и им се укажува соодветна медицинска помош.
Едно лице е почина, а повеќе беа ранети во вооружена престрелка која се случила денеска напладне во Тетово. Се пукале од две возила кои потоа предизвикале сообраќајка и избегале. Набргу биле најдени, а еден од загинатите бил во возилото



